Филмот „Езерото“ на Софија Христовска е филм што ја обработува темата „Старост“, односно протагонистот е 80-годишен старец што е љубител на животот и се однесува како дете, меѓутоа е однесен во старечки доми таму животот му се менува, односно е ставен во искушение да живее по туѓи правила и се обидува да се адаптира на светот кој за него е нов и неприфатлив.
Филмот беше дел од Програмата за развој и продукција на дипломски или дебитантски краткометражен игран филм на фестивалот на медитеранскиот филм „Преку езерото“, наедно и магистерска работа на режисерката по филм и телевизија Софија Христовска.