Нераскажана историја за Силувањетото на Европа

Утре Наутро - Серија

Две жени, млада докторка и сопругата на поранешен премиер, се обидуваат да избегаат од канџите на американската влада и европските дипломати, кои со помош на локалната политичка елита ја играат својата игра на моќ и тортура во една мала земја во Источна Европа.

Утре Наутро - Серија

За филмот

Американски амбасадор во Македонија краде античка бронзена фигурина што ја прикажува „Грабнувањето на Европа“ од куќата на премиерот. Три години подоцна, овој артефакт ќе биде изложен во музеј во Вашингтон. Започнува полициска и судска тортура врз сопругата на поранешниот премиер, Јоана Пеласка, и нејзините деца, кои го кријат видеото што точно покажува како се случила кражбата! Во исто време, Аида, дваесет и тригодишна докторка, е силувана од својот постар колега, познат хирург, за време на ноќна смена. Судот ја отфрла нејзината тужба за силување со образложение дека за време на настанот не дала доволно силен отпор. Така започнува нејзината внатрешна борба откако сфаќа дека се претвора од жртва во насилник. Двете жени бараат доволно причини — едната да замине, а другата да остане во Македонија со надеж дека утрешното утро ќе биде подобро од денешното.