Прогонуван од стравот од просечност, сликарот го жртвува својот вид за ремек-дело што повеќе не може да го види.
Логлајн: Прогонуван од стравот од просечност, сликарот го жртвува својот вид за ремек-дело што повеќе не може да го види.
Синопсис:
Филмот е психолошка драма за сликар кој полудува обидувајќи се да го создаде своето ремек-дело, се поставува прашањето што се би жртуввал во потрага по совршнството.
Прикажан е интимен, психолошки портрет на младиот уметник Денис кој се соочува со своите граници во потрагата по совршената слика. Тој има постигнато некаква слава и успех, но и покрај тоа, верува дека ќе умре како неостварен и медиокритетен уметник.
Преку ликот на Денис се истражува/прикажува како големата самокритичност и неприфаќање, кога одат до крајност, водат до самоуништување. Тој фаустовски си ги (про)дава очите на ѓаволот за да го наслика најсовршеното дело, но тоа го прави уште понесигурен во своите способности, и верува дека нема никогаш да го достигне врвот. Со филмот се поставува прашањето што се би жртвувал некој човек, за да ја оствари својата цел?