Осман, младо Сириско момче кое илегално патува низ Шведска, е трауматизиран откако е силуван во воз и манипулиран од екстремистички имам да изврши самоубиствен бомбашки напад во Гетеборг — план што го напушта кога случајна средба со сочувствителна девојка со мешано потекло, Долорес, повторно ја разбудува неговата човечност.
Симона е наставничка во основно училиште. На денот кога училиштето се подготвува за роденденска прослава, директорката ја вади од час и ѝ соопштува дека е суспендирана поради компромитирачко видео што кружи на интернет и изгледа како да е таа. Симона негира, бара да го види видеото, но ѝ одбиваат и ја исфрлаат од зградата.
Сместен во ригидно корпоративно општество, каде вработените се строго поделени по катови, СОФИЈА (30) напредува како креативен маркетинг менаџер, уживајќи ги привилегиите на својата висока позиција заедно со својот близок пријател и колега, ПРЕДРАГ (32).Во овој свет, околу 50 години во иднината, технологијата го диктира секој аспект од животот — вработените носат биометриски нараквици што ги следат нивните активности, а вештачката интелигенција игра клучна улога во донесувањето одлуки.
Розе Симоновска, родена на 23.04.1999 од населба Илинден, Скопје е студентка на Факултетот за Драмски Уметности во катедрата за Филмска и ТВ режија во класата на Антонио Митриќески. Краткиот игран филм ,,Вошки” е нејзина дипломска работа со која ќе ги заврши студиите во 2026 година